Утрински Весник
Свет

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би бил среќен да ги укине санкциите кон Иран „во соодветно време“, и дека САД ќе испратат нов пакет одбранбено оружје за Украина.

„Сакам да го видам Иран како се обновува на мирен начин, наместо повторно да слушаме ‘Смрт за Америка’ и ‘Смрт за Израел’“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.


Тој додаде дека е закажан нов круг преговори со Иран и изрази надеж дека нема повторно да мора да наредува воени напади врз таа земја.

Во однос на војната во Газа, Трамп рече дека Хамас сака прекин на огнот и дека бара состанок.

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, изјави дека гледа шанса за мировен договор за Газа, а дека преговорите со Иран може да продолжат веќе следната недела.

Што се однесува до Украина, Трамп рече дека Русија ја напаѓа многу жестоко и дека Киев има право на самоодбрана.

– Ќе им испратиме главно одбранбено оружје, изјави американскиот претседател. 

Можете да прочитате

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден

Асоцијацијата на германски аеродроми предупредува за недостиг од гориво за авиони