Утрински Весник
Свет

Силва: Светот нема потреба од император

20250707205232 big 730x400 48.webp.webp

Светот се менува. Не сакаме император, истакна претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини за земјите-членки на БРИКС.

Силва посочи дека БРИКС е „група држави, која бара поинаков начин за организирање на светот на економски план“.


– Според мене затоа некои се чувствуваат неудобно, наведе Силва.

Трамп во февруари првпат се закани со царини од 100 проценти за земјите на БРИКС ако се обидат да ја поткопаат улогата на американскиот долар во светската трговија.

Силва повтори дека светската трговија има потреба од алтернатива на доларот.

– Очигледно, мора да бидеме одговорни и да го правиме тоа внимателно. Нашите централни банки мора да разговараат за тоа со централните банки на другите земји. Тоа е постепен процес, посочи Силва.

Можете да прочитате

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина

Москва: НАТО и ЕУ се подготвуваат за воен судир со Русија

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион