Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, попладне нестабилно

Vreme zesko mia.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.


Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Можете да прочитате

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

„Мајски оперски вечери“ почнува со оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини

Балканот на удар на нов ладен бран од северозапад од следната недела