Утрински Весник
Македонија

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот

Pozarna Pozarnikari.jpg

Денеска, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, сите со активен пламен.

Во Прилеп, кај селото Бешиште гори приземен пожар во мешана шума, додека во Македонски Брод се борат со три различни пожари – во селото Црешнево каде се зафатени деградирана дабова шума и грмушки, во Самоков каде е опожарен магацин со гуми и палети во фабриката „Сувенир“, и во Слатино каде гори лисната постелка и ниска вегетација.


Општина Чашка бележи шумски пожар под Солунска Глава, меѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде засега нема активен пламен, но има густ чад на карпестите делови. Во Чучер Сандево, меѓу селата Блаце и Чучер, огнот зафати мешана шума и ниска вегетација.

Пожари се активни и во селото Белаковце, општина Старо Нагоричане, каде гори шума, како и во Дојран, во селото Николич, каде е зафатена нискостеблеста шума/

Надлежните служби се на терен и работат на локализација на пожарите, но силниот ветер и високите температури дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не вршат активности кои можат да предизвикаат нови пожари.

Можете да прочитате

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Од вкупно девет пожари на отворен простор, активен е еден