Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се премисли, нема данок за немажени

Img 1883.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има воведување на посебен данок за немажени и неженети лица, како што претходно беше најавено.

„Се извинувам ако некој погрешно ме разбрал. Нема да има никакво финансиско оптоварување за оние кои се немажени или неженети. Мојата борба е за семејни вредности, но тоа не значи дискриминација,“ изјави Мицкоски.


Тој додаде дека неговиот политички став е дека Македонија треба да се врати кон традиционалните семејни вредности.

„Јас на изборите влегов со цел во читанките да има ‘јас, мама, тато, бато и дада’, а не ‘родител 1’ и ‘родител 2’. Јас се залагам за тоа да имаме мама и тато, затоа што тоа е нашата вредност и основа на општеството,“ рече премиерот.

Изјавата доаѓа по реакциите во јавноста и на социјалните мрежи, каде што имаше критики за евентуалното воведување на даночни мерки кои би ги дискриминирале невенчаните граѓани.

Можете да прочитате

ДУИ: Срамна одлука на ДИК за намалување на бројот на советници

Викендов времето ќе биде многу посвежо, повремено ќе дува засилен северен ветер!

Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас