Утрински Весник
Македонија

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо

Kocani.jpg

Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“.

Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за аудио и видео снимање на судската постапка.


-Молчи Владата, молчиме и ние, ќе чекаме да видиме што ќе биде во понеделник. Во меѓувреме гледаме премногу напади и обвинувања кон нас на социјалните мрежи. Довербата кон институциите е минимална, само пет проценти, затоа што ни беше кажано дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а веќе станаа четири и уште нема ништо. Веројатно ќе си играат со нас уште четири години, рекоа родителите на маршот.

Покрај родителите на починатите и членови на семејствата на повредените во трагедијата, имаше и граѓани од други градови во државата, но на денешниот „Марш за ангелите“ видлив беше помалиот број учесници во однос на претходно. Сепак, од Здружението „16 март 2025 – Кочани“ рекоа дека тоа воопшто нема да ги поколеба во нивните барања за правично судење и за добивање поддршка од државните институции.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана