Утрински Весник
Македонија

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза

Mickoski 2.webp.webp

Зборувајќи за демографијата и катастрофално лошите резултати, премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека се размислува за воведување на нови даноци за оние лица кои не се во брак.

„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана борба, и ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја политика е со цел да ја вратиме вербата, и размислуваме дополнителни даноци за немажени и неженети. Нема ништо посвето од животот, и нема ништо потажно од тоа дека нашата држава се празни. Но, нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме дека е време за иднина, време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќче млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои се иселени да се вратат. Едгар Моран рекол: Демографијата не е судбина, туку огледало. Прашањето е што ќе видиме во него, и дали ќе имаме храброст да дејствуваме“. Ние веќе гледаме и веќе дејствуваме, затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните, и тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање, не на тишина, туку на нови гласови, не на исчезнување, туку на раѓање“, изјави Мицкоски.


Мицкоски, уште еднаш изрази барање во читанките од септември да пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“.

„Се надевам министерке Јаневска дека оваа година во читанките нема да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, бато и дада“, изјави Мицкоски пред присутните во Влада.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР