Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ не се реформирани туку рециклирани

Vmro.webp.webp

Соопшптение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново.


Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица?

Филипче откако ја презема партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДС овие ликови би биле нереформирани.

Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДС. Кандидатите кои СДС ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата.

Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДС во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед.

Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност.

За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДС како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели.

СДС само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија.

 А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДС не се реформира туку се рециклира.

Со вакви луѓе, СДС не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз.

Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДС, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР