Утрински Весник
Македонија

Од денеска на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

Gp Tabanovce.jpg

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.

На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.


-Денес сме присутни на границата сè со цел да дадеме поддршка и да го особено свртиме вниманието на јавноста во насока на превентивната акција којашто ја спроведуваме од двете тела во Македон

Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава.

Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.

One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, во тек се разговори и со Албанија за воведување на два гранични премина, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе има само организациски подобрувања

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор