Утрински Весник
Македонија

Давкова: Шокирана сум, 40% од администрацијата не работат, a тоа е неодржливо за економијата

Gordana siljanovska davkova 7 960x543 1.jpg

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, искажа изненадување од изјавата на министерот Горан Минчев, кој рече дека 40 проценти од вработените во администрацијата или воопшто не работат или бараат начин да избегнат доаѓање на работа. “Се шокирав од изјавата на министерот Минчев, а претпоставував дека штом имате партиски вработувања, можно е тие да бидат само формални. Значи, имате вработен но нема работа.”

Сиљановска-Давкова додаде: “Ама дека 40 проценти луѓе може да не работат, а да бидат вработени, тоа навистина не го очекував. Тоа не може ниту една економија, дури ни европска, таму тоа е и незамисливо . . . Значи, вие имате недостиг на ум, недостиг на работна сила, зашто тоа се фигури но не се движат, а од друга страна буџетот се празни.”


Таа истакна дека оние кои сакаат да придонесат и да работат, мора да си заминат поради таквите ситуации. “И оние кои сакаат да влезат и да работат, знаат и умеат, мора да си заминат точно поради ваквите”, рече Сиљановска-Давкова во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Претседателката укажа дека токму од “бирократијата, од државната и јавната администрација” зависи најмногу европската реформа, но дека ниту една досега не успеала. “Ни една реформа не успеала. Не верувам дека имале политичка волја за европски промени луѓе кои дозволувале 40 проценти да земаат плата, а да не работат. Сте го виделе ли тоа некаде во некоја европска држава?”, праша таа.

Во однос на тврдењата на ДУИ за намалување на правата на Албанците откако не се на власт, Сиљановска-Давкова одговори дека е “логично некој кој бил 20 години во власт, и сега не е во власта, така да зборува, но на опозицијата и личи да критикува”. Таа додаде: “Особено на опозицијата која предолго била на власт. Немам ништо против бидејќи е тоа вербално, бидејќи не е со закани и со сили, сѐ уште. Доколку тоа се напушти, тогаш доаѓа до делегитимирање, зашто демократијата значи со мирни средства, со критика, со проекти, предлози и поинакви решенија ќе трагате по подобра сегашност и подобра иднина”, изјави Сиљановска-Давкова.

Според неа, “доволно темни моменти се случија во оваа партија што беше своевидна демократска лекција”. “Од црни листи до процеси, постапки итн., бегства во соседни држави на најголеми демократи. Не верувам дека некој ќе го ризикува политичкиот статус и можноста да биде фактор во процесот на одлучување, без оглед дали е тоа во власта или во опозицијата, за да посегне по употреба на сила или закана со сила. Не верувам, а се разбира и дека тоа никој нема да го прифати во Европската Унија”, заклучи претседателката.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор