
Како што јавува Агенцијата БГНЕС; трите најголеми политички сили во Европскиот парламент, Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и „Обнова на Европа“ се согласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија.
Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур да ги поддржи амандманите на извештајот следната недела.
Агенцијата потсетува дека нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент, заснована на извештајот на Томас Вајц, директно ја нагласува целта на српскиот геополитички проект за доминација на Балканот. Тој не е само економски, туку има за цел и промена на државните граници во регионот и ги вклучува Република Српска, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.
Точката 80 од извештајот изразува: „загриженост за проектот „Српски свет“ и фактот дека претставниците на владата на Северна Македонија го поддржуваат и го промовираат овој концепт; учеството на состаноци насочени кон воспоставување сфера на влијание што го поткопува суверенитетот на другите држави и стабилноста во регионот е осудено“.
Во точка 81 се наведува: „потребата од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС – од времето на југословенскиот диктатор Тито по 1945 година – ур.), кои се чуваат и во Северна Македонија и во Србија, како и потребата овие архиви да се отворат на регионално ниво со цел да се надмине тоталитарното минато на транспарентен начин, со цел зајакнување на демократијата, одговорноста и институциите на Западен Балкан.