
Пратеникот на СДСМ и поранешен премиер на Македонија Димитар Ковачевски, овие три дена учествува на Глобалниот економски дијалог на 25то издание на Економските состаноци на Екс-ан-Прованс, Франција (Les Rencontres Economiques d’Aix-en-Provence) во организација на Кругот на економисти од Франција (Cercle des économistes).

„Чест и задоволство е да бидам дел од учесниците на 25то издание на Економските состаноци на Екс-ан-Прованс, Франција (Les Rencontres Economiques d’Aix-en-Provence) во организација на Кругот на економисти од Франција (Cercle des économistes). Еден од најголемите светски економски настани обединува над 350 претставниците од академијата, политиката, врвни светски економисти, најголемите тинк тенк организации, претставници на меѓународните институции и големите светски корпорации на дискусија околу клучните и најзначајни економски и стратешки тема“ објави Ковачевки
Глобалниот економски диалог на тема соочување со реалноста – повик за акција во наредните три дена преку 70 сесии низ различни концепциски и идеолошки перспективи ќе ги адресира најважните и ургентни теми на денешницата. Ќе се разговара за демографските движења и глобалното стареење на популацијата, стагнацијата на продуктивноста, ефектите на експанзивната фискална политика, растечката социјална фрагментација и нееднаквоста на распределбата на богатството во светот, климатските промени, технолошкиот развој и геополитичките поместувања. Одговорот на овие прашања и предизвици ќе отвори пат за помирна иднина.
Покрај Ковачевски, дел од учесниците на овогодинешната конференција се Мишел Барние поранешен премиер на Франција, Жан-Ноел Баро министер за надворешни работи на Франција, Марио Драги поранешен премиер на Италија и поранешен претседател на Европската Централна банка, Професорка Естер Дуфло добитничка на Нобелова награда за економија, Енрико Лета, Декан и претседател на Универзитетот IE, институтот Жак Делор и поранешен премиер на Италија, Брус Ендрјус поранешен заменик секретар за трговија на САД, Тиери Бретон поранешен комесар на ЕУ за внатрешен пазар…
Ковачевски ќе се обрати на пленарната сесија „Враќање на лидерството за посилна Европа” заедно со Пашал Донохо, Претседател на Еврогрупата на министрите за финансии на земјите на еврозоната и министер за финансии на Ирска, Далија Грибаускајте поранешна претседателка на Литванија и Рено Музелиер претседател на регионалниот совет на Прованса Алпи АБ,