Утрински Весник
Македонија

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски

20250702180932 big 730x400 27.webp.webp

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски.

Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во земјава, Србија и пошироко.


Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Стефановски излегува на сцена.

Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници „Legendary“ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.

– Концертната сцена е местото каде што музиката се доживува најнепосредно – под рефлектори, без филтери. „Влатко Стефановски е уметник кој постојано покажува дека звукот може да биде и емоционален компас и културен идентитет, вели авторот на изложбата, новинарот и куратор Ненад Георгиевски. Изложбата е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и ќе биде отворена за посетители до 8 јули. Таа е поддржана од Министерството за култура и туризам.

За првпат изложбата беше поставена во галеријата Мала станица во јуни лани во рамки на фестивалот „Скопје Синема Сити“.

Фото: Скопје синема сити

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна