Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Валандовско се шири во два крака

20250702190446 big 730x400 49.webp.webp
Dik 300x250 mk

Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов побарал воздушна поддршка за гаснење на пожарот, но како што информираат од ЦУК биле известени од МВР дека заради технички причини не можат да обезбедат хеликоптерска поддршка.


-Дополнително ЦУК достави барање и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), но до овој момент сè уште нема одговор. Паралелно, испратено е и барање до Генералштабот на Армијата за можност за ангажирање воздушна поддршка и се очекува одговор и од нивна страна, се наведува во соопштението од ЦУК.

Оттаму додаваат дека станува збор за сериозен пожар кој зафаќа голема површина со населени места од расфрлан тип, што претставува потенцијална закана за животот и здравјето на населението, како и за објекти, имот и инфраструктура во регионот зафатен од пожарот.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија