
Пратеничката од редовите на СДСМ и поранешна министерка за одбрана,Славјанка Петровска доцна синоќа околу 23 часот доживеала непријатен инцидент пред зградата каде што живее, кога како што потврдила и таа автомобил со охридски регистарски таблички и го пресретнал патот, а од внатрешноста на возилото била упатена вербална закана.
– Зборовите што ми ги упати беа “Цаци, готова си”. Во станица посочив дека нападот доаѓа после пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска предуда туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е затоа што самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат, додаде Петровска.
На седницата за пратенички прашања, одржана пред пет дена, Петровска го постави ова прашање до Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, но одговор не доби бидејќи министерот и заменикот отсуствуваа.