Утрински Весник
Македонија

ТОПЛИОТ БРАН ОД ШПАНИЈА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Температурата ќе се искачи и до 42 степени

Meteoalarm.mk 3.png

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, однсно од Африка, која е поврзана со поле на висок воздушен притисок, следува долг период на стабилно, суво, сончево и многу топло време и носи опасност од појава на шумски пожари.

Што се донесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, додека од викендот, како и во наредната седмица во Повардарието температурата ќе се искачи до околу 42 степени. Слични температури очекувам и во Скопскиот регион.


За време на овој многу топол бран ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а Ув индексот ќе има многу висока вредност 9. Токму поради ова, апелирам, граѓаните, особено оние возрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица

Од бостан, дињи и пиперки собрав 350.000 евра вели мајката на судијата Ѓоко Ристов кој сведочеше за парите скриени во ѕид

Маж пронашол неексплодирана рачна бомба покрај река во Скопско