Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Демократски сојуз бара деблокирање на евроинтеграциите

1 47.jpg
300x250 opst2

Соопштение за јавност на Демократски сојуз:

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи тоа е во согласност со геостратешките состојби и во интерес и на Македонија и на ЕУ.


Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата:

Прво, да предложи Советот на ЕУ да донесе заклучок дека идентитетските, историските и јазичните прашања не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите.

Второ, Советот на ЕУ да  донесе одлука дека Македонскиот јазик, по приемот на Македонија во ЕУ, ќе биде официјален (службен) јазик во ЕУ.

Трето, ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, за Македонците во Бугарија да можат да се здружуваат за заштита на своите историски, идентитески и јазични обележја.

Подолго време има изјави од претставници на ЕУ и Бугарија дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последно барање, дека Македонскиот јазик е загарантиран, тоа го тврдат функционерите на СДСМ  и дека идентитетските прашања не се дел од Преговорачката рамка.

Само да разјасниме, во Преговарачката рамка никаде не е спомнат Македонскиот јазик, освен дека преводот на директивите на ЕУ ќе се врши на Македонски јазик (тоа и досега се прави), а со годишните прегледи (протоколи) кои се дел од Преговорачката рамка, се отвораат идентитетските прашања, како и со договорот за добрососедски односи помегу Македонија и Бугарија .

Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија.

Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ. Тоа е наш национален интерес.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд

Премиерот Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Последни три дена од изборната кампања