Утрински Весник
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

20250628124415 big 730x400 48.webp.webp

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и на банките им треба време да може да ги анализираат сите работи, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На прес-конференција во Владата, каде даде отчет за сработеното во првата година од Владата, министерката рече дека рокот за достава на понудите е 7 јули кога ќе се знаат повеќе детали.

– Интересот е многу голем. Ние пуштивме барање за понуда до 22 институции, а дополнително ни се јавија уште две кои побараа да пуштиме понуди до нив. Нормално дека во интерес на државата треба да обезбедиме понуди и што е можно пониска цена за железничката пруга така што пуштивме дополнително барање и до тие две институции. Има многу прашања и заради тоа го продолживме рокот до 7 јули. Станува збор за комплексен проект и мора да ги разбереме и банките дека имаат потреба од појаснувања. Во постојана комуникација сме, истакна Димитриеска-Кочоска.


Министервото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10.

Можете да прочитате

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи 

„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара одговорност од властите за трагедијата

Директорот Јанев на планинарски марш во СВР Тетово: Службата не е само униформа – таа е братство, посветеност и заедничка сила