Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски – Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

Img 20250628 105334 293.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.

Средбата се одржа во рамки на Форумот “Глобална Транспортна Поврзаност” што се оддржува во Истанбул, каде свое обраќање имаше и вицепремиерот Николоски. 


На средбата беше истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата. 

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. 

Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8. Се согласија да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во месец јули.

Можете да прочитате

Охрид домаќин на 7. Балканска олимпијада по физика

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи 

„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара одговорност од властите за трагедијата