Утрински Весник
Македонија

Филипче на Конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Filipce.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска, 28.06.2025 година (сабота), ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас” се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ко-претседател на СПД.


Воедно, претседателот Филипче ќе оставари и билатерални средби со европски  политичари и функционери присутни на конгресот.

На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.

Поканата за присуство на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на овој конгрес е израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи