Утрински Весник
Македонија

Наместо „Пулс“, поради конфузија „пломбирано“ било кафулето на газда Деко, велат од УЈП

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што била изречена за констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а поради конфузија било запечатено работењето на кафе-барот што го поседувала истата фирма, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во одговор на новинарско прашање за реакциите на родителите на починатите во трагедијата во Кочани.

-Во дискотеката „Пулс“ се спроведувани контроли од страна на УЈП и се применети мерките согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Значи, тие мерки предвидуваат дека при прва контрола во којашто ќе бидат утврдени неправилности се изрекува глоба, доколку глобата е неплатена се преминува кон привремена забрана за вршење на дејност којашто трае, согласно Законот, 30 дена. При втора контрола во рок од две години се преминува директно кон мерката привремено забрана за вршење на дејност којашто трае 30 дена. Овие законски норми се применети и при контролата во оваа дискотека. После првата контрола платена е глобата, имало и запечатување на објектот, меѓутоа тука имаме два објекта во таа компанија, а така што настанува конфузија во однос на тоа кон кој објект била применета мерката запечатување. Запечатувањето било извршено на кафе-барот, додека кај дискотеката е применета мерката глоба и глобата била платена, истакна директорката Петрова на денешната прес-сконференција во УЈП.


Можете да прочитате

Николоски учествува на висок министерски форум во Истанбул

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време