Утрински Весник
Економија

Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули

Buget.webp.webp

Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот  за 2025 година, во второ читање, почнува на 2 јули на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. 

Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на 19. месецов вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.


-Измените и дополнувањата на буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика која ја водиме во изминатата година и со која обезбедуваме консолидација и стабилизирање на макроекономската состојба. Економската активност добива на динамика и забрзува, таквиот тренд ќе го одржиме и во наредниот период со политиките кои се планирани со Ребалансот. Дисциплинираниот пристап во управувањето со јавните финансии ќе продолжи, буџетскиот дефицит останува непромент и во апсолутен износ и како процент од БДП и е понизок од остваренито дефицит минатата година, внимателен и сериозен пристап применуваме и во управувањето со јавниот долг, а за тоа најважен показател е намалувањето од 36 милион евра регистрирано во првиот квартал од 2025 година, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата на која го претстави Предлог ребалансот на Буџетот.

Можете да прочитате

Се гледаме на врвот – Мицкоски вели дека по економскиот раст сме пред Хрватска, Словенија, БиХ…

Мицкоски со најава за нова инвестиција во Штип за производство на батерии и вработувања за 150 лица

Димитриеска-Кочоска: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe