Утрински Весник
Македонија

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена

Potpretsedatelot na sdsm metodija ilievski vo emisisijata 24 analiza na televizija 24.jpeg

Негативна е оценката за владата на Христијан Мицкоски во изминатите 365 дена, Македонија не е горда, Македонија е понижена и заглавена а граѓаните живеат тешко, истакна потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа” на Телевизија 24.

Илиевски нагласи дека Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во периодот додека беа опозиција ветуваа многу према граѓаните, а оваа влада во првите 365 дена има најслаб старт во историјата од било која влада која започнала да функционира од осамостојувањето во нашата земја. 


-Македонија воопшто не се развива. Македонија стагнира. Моментално сме најзадолжена земја во регионот. Платите на граѓаните на Македонија не растат, и тие стагнираат. Нема промени во правосудството, нема правда. Македонија не се развива во ниту еден сегмент во изминатите 365 дена. Не се развива во делот на земјоделието, не се развива во делот на инфраструктурата, а нити гледаме напредок во меѓународната политика. Буквално сме заглавени, истакна Илиевски.

Тој додаде дека заглавен е и европскиот пат, власта слепо ги задолжува граѓаните за 7 милијарди евра кои идните генерации скапо ќе ги платат наместо да се користат фондовите од ЕУ кои се неповратни средства.

-На другата страна стои европскиот пат кој очигледно стагнира во изминатите 365 дена. А, со отворање на европските процеси и те како можеа да се инкасираат неповратни средства од Европската унија и нашата земја да се движи напред и да се развива, истакна Илиевски.

Илиевски нагласи дека нема нови отпочнати инфраструктурни проекти кои би биле од капитално значење за нашата земја, а премиерот и неговите најблиски соработници ги отвораат проектите кои беа започнати во изминатиот период во владата на СДСМ.

Потрошувачката кошница расте од ден на ден, граѓаните во изминатите 365 дена не живеат подобро, а ако утрото по денот се познава, тоа така ќе оди и во наредниот период, најлошото допрва ќе го видиме, рече потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа” на Телевизија 24.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време

Жерновски до Милошоски: „Џуџето од Кичево заедно со Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров и го веел бугарското знаме“