Утрински Весник
Свет
Img 7972

Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул

Razmena zarobenici ukraina rusija.jpg
Img 7972

Украина и Русија денеска спроведоа нова размена на воени заробеници, во рамки на договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец.

„Денеска се враќаат војници од армијата, Националната гарда и граничната служба“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“, додавајќи дека повеќето од нив биле заробени уште од почетокот на инвазијата во 2022 година.


Руското Министерство за одбрана ја потврди размената, која според двете страни се случила на границата меѓу Белорусија и Украина. Ниту една страна не прецизираше бројки.

Според договорот од Истанбул, страните се согласија на размена на затвореници под 25 години, како и на тешко болни и ранети. Оттогаш, се реализирани седум размени на заробеници. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека досега биле разменети над 900 лица. 

Можете да прочитате

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор

Путин го предупредил Трамп за испраќањето ракети „Томахавк“ во Украина

Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот