Утрински Весник
Свет

Зеленски во Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за Украина

20250626075930 big 730x400 61.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера со Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за „злосторството и агресијата против Украина“.

-Сите воени злосторници мора да знаат дека правдата ќе биде задоволена, а тоа ја вклучува и Русија, рече Зеленски.


„Овој потпис е одлучувачки чекор кон формирање на специјален суд за злосторството и агресијата против Украина“, рече претседателот на Советот на Европа, Ален Берсет.

Ова е првпат да се формира специјален суд под покровителство на Советот на Европа.

Русија беше исклучена од Советот на Европа кратко откако ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Формирањето на судот, кое Украина и нејзините европски сојузници го објавија во Л’вов на 9 мај, овозможува да се заобиколи невозможноста за судење за „злосторство и агресија“ во Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој Москва не го признава.

-Денешната спогодба и овој суд ни даваат вистинска можност да добиеме правда за злосторството и агресијата“, рече Зеленски.

Специјалниот суд нема да може да ги гони рускиот претседател Владимир Путин, неговиот премиер Михаил Мишустин или министерот за надворешни работи Сергеј Лавров додека се на функција.

Судот ќе има 15 судии од различни земји кои ќе ги избира одборот на директори, а нивниот мандат ќе трае од три до девет години и не може да се продолжи.

Освен овој суд, Советот на Европа иницираше воспоставување регистар на штети предизвикани во војната во Украина. 

-Регистарот досега примил повеќе од 34.000 барања за надомест, рече Берсет.

Можете да прочитате

Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул

Рускиот „Гаспром“ мора да плати 1,37 милијарди долари на украинскиот „Нафтогас“

Виетнам ја укина смртната казна за осум вида кривични дела