Утрински Весник
Свет

Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки

Viktor orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со одржувањето на Парадата на гордоста во Будимпешта.

Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.


Како одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „направила сериозни грешки во изминатите години“.

Можете да прочитате

Рускиот „Гаспром“ мора да плати 1,37 милијарди долари на украинскиот „Нафтогас“

Виетнам ја укина смртната казна за осум вида кривични дела

Анкета на ЈуГов: Реформската партија на Најџел Фараж е најсилната во Велика Британија