Утрински Весник
Македонија

Зголемено количеството на отпадни води, само 24.5 % се пречистуваат

Otpad reka.webp.webp

Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на  2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2024 година било за 2.6 % повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 69.0 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод. 


Вкупното количество отпадни води во 2024 година било за 12.0 % поголемо во однос на 2023  година.

Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2024 година, непречистени биле 75.5 %, а пречистени 24.5 %.

Можете да прочитате

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните 

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

Пеколните жештини продолжуваат, постарите лица најпогодени, ИЈЗ со препораки