Утрински Весник
Македонија

Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски  учествуваше на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи/безбедност (MARRI) во Тирана

3 13.jpg

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Сашо Петрушевски, денеска учествуваше на Регионалниот форум на MARRI, кој се одржа во Тирана, Република Албанија.

На форумот беше дискутирано и едногласно усвоено Годишниот извештај на Регионалниот центар на MARRI за периодот јули 2024 – јуни 2025, како и Независниот финансиски извештај за 2024 година, што претставува значаен чекор кон транспарентност и отчетност во регионалната соработка.


Исто така, беа презентирани и усвоени Приоритетите и Годишната програма на активности на MARRI за периодот јули 2025 – јули 2026 година, со фокус на зајакнување на капацитетите на институциите за миграциско управување, регионална координација и безбедносни предизвици.

Државниот секретар Петрушевски ја реафирмираше посветеноста на Северна Македонија кон зајакнување на регионалната соработка во областа на миграцијата, азилот, граничното управување, борбата против трговијата со луѓе, визната политика и интеграцијата и враќањето на странци, потенцирајќи ја важноста од координирани и одржливи политики базирани на меѓусебна доверба и поддршка.

Во своето обраќање државниот секретар Петрушевски упати порака дека Република Северна Македонија останува цврсто посветена на регионалната соработка и од тој аспект продолжува и поддршката на нашата држава на работата на Регионалниот центар МАРРИ на секој можен начин.

Во рамки на форумот беше извршено и официјално примопредавање на претседателството со MARRI, при што Албанија го предаде претседателството на Босна и Херцеговина, која ќе раководи со иницијативата во наредниот едногодишен период.

Можете да прочитате

Внимавајте утре ќе биде пеколно жешко – Температурите ќе надминат 40 степени

Во мерките и препораките за топлотниот бран спаѓа и обезбедување климатизиран јавен превоз

Левица: Марко Колев го остави Велес без еколошка заштита додека Езерото Младост умира