Утрински Весник
Македонија

Најавен концерт во Скопје на Симон Трпчески по повод 25-годишната кариера

Image 231849.jpg

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески.

Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.


По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.

25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.

Настанот е во организација на „Прагма продукција“, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба.

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа