Утрински Весник
Македонија

Биби и Боби, јунаците од „Светот на Биби“ ќе го добијат својот прв долгометражен анимиран филм

20250624153437 big 730x400 41.webp.webp

Биби и Боби, јунаците од „Светот на Биби“ ќе го добијат својот прв долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“ во режија на Гоце Цветановски. „Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство, сместена во волшебна џунгла каде што нашите јунаци се соочуваат со предизвици, опасности – и важни животни избори.

Проектот насловен „Златната Пеперутка“ на Цветановски е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа (CEE Animation Forum 2025), кој ќе се одржи во Плзењ, Чешка, од 4 до 6 ноември 2025 година. Проектот ќе учествува во натпреварувачката програма на форумот, и е ко-продукција на Светот на Биби и продукциската компанија на Цветановски, Македонска Крепост.


Според режисерот, оваа селекција е уште едно признание за успехот на „Светот на Биби“, најпопуларниот детски бренд во Македонија со повеќе од 120 милиони прегледи на „Јутуб“ и ТВ прикажувања во шест држави во регионот.

-Голема чест ни е што сме дел од оваа силна селекција. „Златнaтa Пеперутка е повеќе од филм – тоа е приказна за одговорноста кон природата, но и за надежта дека преку уметноста можеме да ги поврземе различните култури. Веќе работиме со неколку меѓународни партнери, чии имиња наскоро ќе ги објавиме, посочува Цветановски.

CEE Animation Forum е водечка европска платформа за презентација, финансирање и копродукција на анимирани проекти. На 13-тото издание, од рекордни 199 пријави, „Златната Пеперутка“ е еден од шесте долгометражни анимирани филмови, кои ќе се натпреваруваат за над 50.000 евра во парични и непарични награди, како и за учество на специјализирани тренинг програми, пазарни презентации и еден-на-еден средби со водечки европски продуценти, дистрибутери и телевизии.

Цветановски во моментов е актуелен со „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски долгометражен анимиран филм кој беше прикажан на дваесетина фестивали и сè уште патува низ светот, а со филмското деби „Бизнисот на задоволството“ освои 10 меѓународни награди.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија