Утрински Весник
Свет

Раџави: Иранскиот народ треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи

20250624114020 big 730x400 51.webp.webp

Лидерката на иранската опозициска група Национален совет за отпор на Иран (NCRI) со седиште во Париз, Маријам Раџави, откако ноќеска се соопшти за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, денеска изјави дека иранскиот народ сега треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи.

Британските медиуми пренесуваат дека Раџави изјавата ја даде еден ден откако последниот наследник на иранската монархија Пахлави ги повика западните земји да прифатат дека е потребна „промена на режимот“ за да се донесе траен мир и регионална стабилност.


Таа го кажа ова пред израелскиот министер за одбрана Израел Кац да каже дека ѝ наредил на израелската војска да го нападне Техеран откако Иран испали ракети со што го прекрши прекинот на огнот.

„Предлогот за прекин на огнот и крај на војната е чекор напред за третата опција: ниту војна ниту помирување“, рече Раџави во изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекин на огнот сега е на сила меѓу Израел и Иран во воздушната војна што започна на 13 јуни.

„Нека народот на Иран, во битката на судбината, го собори Хамнеи и диктатурата. Бараме демократска, ненуклеарна република, со одвојување на религијата и државата, родова еднаквост и автономија за иранските националности“, рече таа.

Откако САД во саботата ноќта ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки, Трамп ја спомена можноста за соборување на тврдокорните верски водачи на Иран, но неговата администрација рече дека целта е единствено да се уништи нуклеарната програма на Иран.

Можете да прочитате

Иран објави крај на војната

Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје