Утрински Весник
Свет

Арагчи во писмо до Гутереш пред СБ на ОН: Американските напади мора да бидат осудени

20250623081208 big 730x400 1.webp.webp

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, синоќа го повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да ја осуди американската Влада на „најсилниот можен начин“ за изведувањето на нападите врз нуклеарните постројки на Иран. 

Арагчи, во писмо до Гутереш, објавено од иранското Министерство за надворешни работи пред состанокот на Советот за безбедност на ОН, рече дека американската Влада мора да биде одговорна за она што тој го нарече криминален напад, објави Си-Ен-Ен. 


„Се очекува вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, кој е свикан за да се справи со овој чин на агресија, да издаде јасна, цврста и недвосмислена осуда на САД како постојана членка на Советот за безбедност“, рече Арагчи. 

Арагчи во писмото додаде дека „светот ја следи“ ситуацијата во Иран. 

„Светот набљудува, неактивноста не само што ќе ја влоши оваа криза, туку дополнително ќе ја поткопа глобалната безбедност“, рече Арагчи. 

САД извршија напади врз три ирански нуклеарни постројки, Фордоу, Нетанц и Исфахан, по што на барање на Иран беше свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Можете да прочитате

Спречен атентат врз Зеленски – 24info.mk

Американските напади врз иранските нуклеарни постројки се тест за границите на воената моќ

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД