Утрински Весник
Македонија

УСС-УКИМ упатува барања за санација на инфраструктурни проблеми во студентските домови

480559709 1168018118448573 685085986964496015 n.jpg

Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) достави две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија” и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.

Во продолжение целосниот текст на соопштението:


Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите.

�� Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови – како за олеснување на секојдневното движење, така и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност.

�� Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија” и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони. Дополнително, се посочува на хроничниот проблем со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.

Со овие барања, УСС-УКИМ апелира до институциите за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаме со подобрени услови за живот и студирање.

Можете да прочитате

Владата ќе дава отчет за првата година од мандатот

МВР: Левица имаат за цел да ја дезинформираат јавноста

МНР организира уште една евакуација на македонски државјани од Израел