Утрински Весник
Свет

Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск

Policija rotacija 1 1.jpg

Најмалку девет лица загинаа, а 13 се повредени во напад што се случи во црква во Дамаск, објавија денеска сириските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група Исламска држава влегол во црквата „Свети Илија“ и отворил оган, а потоа го активирал својот експлозив.


Медицински извори изјавија за ДПА дека во нападот загинале 15, а повредени се 25.

Сведоци рекоа дека амбулантните возила ги префрлиле жртвите и повредените во блиската болница под силно обезбедување.

Ова е првиот напад насочен кон христијаните во Дамаск од падот на долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад минатата година.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа