Утрински Весник
Македонија

Oд Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници за повредените од Кочани

Lepenki.jpg

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4.070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан.

Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа.


Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош.

Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани, во координација со здравствените служби и потребите на пациентите.

Дополнително, Support Kocani очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, меѓу кои Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани активно се вклучуваат со поддршка.

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци