Утрински Весник
Македонија

Денеска се празнува Пренос на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат

Image 231570.jpg

Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше:

„Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жените и децата се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на свети Теодор.


Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.

Можете да прочитате

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има

Кривична за четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз различни основи