Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Темни облаци и град со големина на орев повторно во Охрид (ВИДЕО)

Nevreme ohrid.jpg
Img 7972

Попладнево, нешто по 16 часот, силно невреме проследено со град ја погоди територијата на Охрид и околината.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа и фотографии на кои се гледаат темни облаци како се надвиснуваат над градот, додека крупен град, со големина на орев, удира по улиците, покривите и по возилата.


„Се стемни за неколку минути, почна да дува силен ветер, а потоа небото се отвори. Градот беше толку силен што за кратко целата улица беше бела“, гласи еден од коментарите на Фејсбук.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), невремето било резултат на силна конвективна облачност која се формирала над западниот дел од земјата. Метеоролозите најавуваат дека и во текот на утрешниот ден постои можност за нестабилности, особено во попладневните часови.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките на надлежните институции.

Видеото од невремето можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Филипче: Оваа земја заслужува јасен пат, стабилност и достоинство

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

Антициклон над Македонија ни носи стабилно и претежно сончево време