Утрински Весник
Македонија

“Водовод” апелира: Не ја трошете водата за полевање бавчи и полнење базени

Vodovod Zgrada 93273287.jpg

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.

„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, велат од „Водовод“.


Од таму апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk.

Можете да прочитате

Фрчкоски: Директорката на „Алта груп” која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Апасиев прими претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

16 дена активизам: Бараме конкретна одговорност од Панче Тошковски за законските измени во врска со семејното и родово заснованото насилство