Утрински Весник
Македонија

Завршен настан за одбележување на успешна имплементација на регионалните проекти реализирани со ИОМ

Dsc 2986 scaled.jpg

Денеска (19.06.2025), Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на кој беше одбележана успешната имплементација на регионалните проекти реализирани во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

На завршниот настан беа претставени главните достигнувања од следните иницијативи:


–              „Инструмент за зајакнување на капацитетите за интегрирано гранично управување со Западен Балкан”(WBIBM),

–              „Инструмент за зајакнување на капацитетите за реадмисија на земјите од Западен Балкан” (WBCAP),

–              „Заедничка акција на Западен Балкан во борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе”(WBJAST) и

–              Програма за враќање и реинтеграција на Западен Балкан (AVRR) – Фаза II.

Во обраќањето на завршниот настан, Заменик министерот Астрит Исени истакна дека постигнувањата во рамките на овие проекти се јасен показател за одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и претставуваат пример за успешно и одржливо партнерство засновано врз заемна доверба, стратешка визија и заедничка определба за унапредување на системите за управување со миграцијата.

„Министерството за внатрешни работи останува посветено на одржливи решенија и партнерства кои ќе обезбедат конкретни и ефективни одговори на предизвиците поврзани со миграцијата, водејќи се од стандардите на ЕУ, принципите на хуманост и заедничката визија за стабилен и безбеден регион”, потенцираше Исени.

Можете да прочитате

(Фото) Стравична сообраќајка во Охрид: Автомобил удри во пешаци

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември