Утрински Весник
Македонија

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како што ветуваа земјата е целосно закочена

Kaja s sdsm.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „24 Анализа” на телевизија 24 истакна дека земјата е целосно закочена, дека нема напредок во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, а меѓународните позиции на државата се загрозени.


-Она што ние го гледаме во оваа една година е дека нема никакво подобрување на позициите на државата, а тоа е она што актуелната власт го ветуваше пред изборите. Позициите стануваат од ден на ден се полоши и евроинтегративниот пат, де факто, во моментот е закочен и загрозен, нагласи Шукова, додавајќи дека европските претставници повторуваат дека вратите на ЕУ во моментот се отворени, Албанија, со брзо темпо оди напред, како и Црна Гора, а ние заостануваме.

Тоа што нема напредок во европската агенда и планот за раст од една страна ги загрозува позициите на државата, но значи губење на пари, на голем дел од грант средствата од ЕУ, додаде таа.

Потпретседателката Шукова посочи дека нема никаков напредок во клучни области од реформската агенда, а наместо борба против криминалот и корупцијата гледаме селективност.

-Имаме реформска агенда, имаме план за раст и точно знаеме што треба да правиме. Но власта тоа не го прави. На овој начин како што се практицира власта, не гледаме сериозна борба против корупција и криминал, вклучително и Кочани, кое како тема сме го отвориле многу пати, таму зборувавме многу долго за селективна правда, па под притисок на јавноста и дел од политичките партии, се прошири истрагата со актуелни функционери, така да има многу прашања, за кои треба да се дискутира и многу прашања на кои треба да работи. Со празни флоскули не се тера политика, рече потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, во емисијата „24 Анализа” на телевизија 24.

Можете да прочитате

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час