Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска

Vreme 7.webp.webp

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе – 20 литри на квадратен метар. Во Охрид – 16 литри, 14 во Велес, 12 во Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, 1 во Скопје – Петровец, Берово, Попова Шапка, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, појаснуваат оттаму.


Времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, пак, синоптичарите најавуваат изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Слично време се очекува и во Скопје – сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура се очекува да достигне до 36 степени.

Можете да прочитате

Грозданова: Четири сомнителни случаи кај деца во Хрватска ја запреа БСЖ вакцинацијата во Македонија

Алармантни бројки за туберкулозата во Македонија – 95 возрасни пациенти и три деца во болница

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од четири години, но можни се предвремени избори