Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Циклон со центар над Тиренско Море ни носи невреме

Meteoalarm.mk 9 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море. Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.


Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во делови од Скопскиот регион до петок (20 јуни) во попладневните часови ќе има услови за развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и можност за појава на невреме.

Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат  и да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Што се однесува до температурите, тие до петок (20 јуни) ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, и во Скопје температурта ќе се искачува до околу 34/35 степени.

За време на викендот пак (сабота  и недела 21/22 јуни) времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на температурите за 3 до 4 степени во споредба со сегашните и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Наутро повторно ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

АХВ: Не сме надлежни за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати

Задутре завршни зборови ќе дава адвокатот на Палевски и останатите обвинети

„Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии“, вели Манасиевски