Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Владата ја крие вистинската состојба со јавниот долг

Fatmir 1 1.jpg

Ако имаме зголемување на јавниот долг од 7%, а раст на БДП од 3,2%, разликата е 3,8%. Мултиплицирано во секоја година, за десет години тоа е 38% зголемување, предупреди пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во  гостување на МРТ 1 во емисијата „360 степени”, укажувајќи на фискалните ризици што ги носи неконтролираното задолжување коешто го прави власта.

Според него, иако министерката за финансии тврди дека Владата е внимателна, бројките говорат поинаку а посочи и извори на скриени долгови.


 „Може да каже дека јавниот долг го намалив за 36 милиони евра, но ако ги занемарам 700 милиони евра доспеани, а неподмирени обврски, тогаш вистинската слика е сосема поинаква, нема намалување” рече Битиќи.

Тој ги посочи и изворите на овие скриени долгови, како што е долгот на општинските јавни претпријатија, како што рече, доминантно управувани од ВМРО-ДПМНЕ, изнесува 11,5 милијарди денари или 200 милиони евра. Дополнително, јавните здравствени установи должат 4,6 милијарди, а самите општини 3,8 милијарди денари.

„Овие долгови не сме им ги оставиле ние – нивните градоначалници им ги оставиле,” истакна Битиќи. 

Според него, Владата има обврска веднаш да каже како ќе се справи со оваа состојба, наместо да се повикува на селективни бројки и политичка реторика.

„Кога ќе ги додадеме сите обврски, доспеани, одложени, како и оние по основ на ДДВ, можеби јавниот долг веќе сега е 8 до 9 процентни поени повисок од она што официјално се прикажува,” заклучи Битиќи.

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите