Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и во петок.

Можете да прочитате

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител