Утрински Весник
Свет

Српски ММА борец убиен во Канада

Untitled 3 3.jpg

Српскиот ММА борец Страхиња Гавриловиќ е убиен во Канада.

Како што објавува канадскиот „Ла Трибјун“, српски ММА борец и неговата девојка се убиени во Шербрук, во канадската држава Квебек.


Страхиња Гавриловиќ и неговата девојка Едит Дима биле убиени во пукотница во центарот на градот, а полицијата активно ги бара сторителите и го истражува случајот.

Во оваа фаза од истрагата, властите не го сметаат фемицидот или која било друга форма на семејно насилство како можни причини.

„Истражителите моментално се на терен за да утврдат што се случило. Се среќаваме со сведоци и ги разгледуваме камерите во областа. Бараме дополнителни информации“, објасни портпаролот на државата Квебек.

Истрагата ја презедоа надлежните служби на државата Квебек.

Гавриловиќ имаше 14 борби во својата ММА кариера, осум победи и шест порази. Последната борба ја имаше во 2022 година.

Можете да прочитате

Дигиталното евро доаѓа: Еве како ќе функционира новата европска валута

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска