Утрински Весник
Свет

Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

20250616080941 big 730x400 99.webp.webp

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот сопруг, изјави вчера гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Американските медиуми претходно објавија дека 57-годишниот маж е приведен. „Њујорк тајмс“ објави дека е обвинет за убиство од втор степен и обид за убиство од втор степен за убиството на двојката во нивниот дом и обидот за убиство на друг демократски политичар и неговата сопруга во нивниот дом.


Осомничениот беше приведен вчера вечерта во округот Сибли, во јужна Минесота, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на полициски службеници.

Наводниот сторител, според истрагите на американските медиуми, работи во индустријата за обезбедување. Пред апсењето на осомничениот, во близина бил пронајден автомобил за кој се сомневало дека му припаѓал. Мажот избегал по злосторството во саботата, што предизвика голема потера по него.

Рано наутро во саботата, вооружениот напаѓач ги уби демократската претставничка Мелиса Хортман, членка на државното собрание на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк во нивниот дом во градот Бруклин Парк. Во одделен напад во блискиот Чамплин, демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга Ивет беа застрелани и сериозно повредени.

Властите веруваат дека нападите биле политички мотивирани.

Можете да прочитате

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината