Утрински Весник
Македонија

Трифунова: На колена ве молам – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел

Img 0980.jpeg

Со потресен јавен апел, Верица Трифунова – мајка на трагично загинатата Моника Спасова – побара активирање на Коалицијата за правично судење и вклучување на граѓанскиот сектор во борбата за, како што рече, правдата за нејзината ќерка и за сите 62 загинати лица во трагичниот настан.

„Мојот ангел не почина од болест, туку беше убиен од корупцијата и криминалот“, рече Трифунова, повикувајќи ги професорката Биљана Ивановска, професорот Злате Димовски и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева да бидат дел од мониторинг служба која ќе го следи целиот судски процес – од обвинителните акти до донесувањето на пресудите.


„Професорке Ивановска и професоре Димовски, од дното на душата ве молам – станете дел од борбата за правда за моето дете. На колена ве молам, бидете мониторинг што ќе следи сѐ – мојата ќерка беше убиена затоа што не припаѓаше на корумпираната мафија“, напиша Трифунова.

Според неа, Моника била посветена на чесна и праведна борба, но поради тоа, некој ѝ го одзел животот, оставајќи ја нејзината ќерка без мајка.

Во апелот се споменува и Европската Унија, од која таа бара да се вклучи и финансиски во надгледувањето на процесот, со цел да се обезбеди објективност и транспарентност.

„Моника сега е со Бога, и се надевам дека од таму се бори против злото. Јас нема да престанам додека не ги видам вистинските убијци изведени пред правдата“, заклучува мајката Верица Трифунова.

Можете да прочитате

Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

Мицевски: „Аудито“ од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил и го потврди, ЈО да отвори постапка

Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел