Утрински Весник
Свет

Ова е осомничениот кој облечен како полицаец пукаше во политичарите во Америка

Ubiec sad.jpg

Поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори.

Ванс Лутер Боелтер наводно се претставувал како полицаец кога пукал во сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом во Чамплин рано во саботата, тешко ранувајќи ги пред да се упати кон домот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, демократката Мелиса Хортман – каде што ја убил неа и нејзиниот сопруг, изјавија извори за „Пост“.


57-годишниот Боелтер бил назначен од Волц во 2019 година на четиригодишен мандат во Одборот за развој на работната сила на гувернерот, покажуваат документите.

Претходно, во 2016 година, тој бил член на Советот на гувернерот за развој на работната сила под тогашниот гувернер на Минесота, Марк Дејтон.

„Д-р Венс Боелтер е извршен директор на ‘Red Lion Group’, со седиште во Демократска Република Конго. Тој е исто така извршен директор на ‘Praetorian Guard Security Services,’ со седиште во Минесота. Д-р Боелтер има диплома за меѓународни односи од Државниот универзитет Сент Клауд во Минесота. Има магистерска диплома по менаџмент и докторат по лидерство за унапредување на учењето и услугите од Универзитетот Кардинал Стрич во Милвоки, Висконсин. Работел со полно работно време за некои од најголемите компании во неговата индустрија, вклучувајќи ги Нестле, Дел Монте, Тесоро, „Маратон Спидвеј и 7-Елевен. Работел во операции, технички услуги, контрола на квалитет и континуирано подобрување. Д-р Боелтер има искуство во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Моментално живее во Минесота со сопругата Џени и нивните деца“, се вели во неговата официјална биографија.

Можете да прочитате

Трамп најави дека наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни