Утрински Весник
Свет

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота

Melisa hortman.jpg

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот на сојузната американска држава Минесота, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг се убиени, а гувернерот Тим Волц изјави дека нападот, според него, има политичка позадина.

– Сите ние, во Минесота и низ целата земја, мораме да се спротивставиме на вакви форми на физичко насилство – изјави Волц пред новинарите.


Во одделен вооружен напад се повредени и пратеникот на Демократската партија Џон Хофман и неговата сопруга.

Мелиса Хортман беше една од водечките демократки во Конгресот на Минесота и поранешна претседателка на Претставничкиот дом, а првпат беше избрана во 2004 година.

Началникот на Бирото за кривични истраги, Дру Еванс, изјави дека локалните власти активно трагаат по осомничениот, за кого се претпоставува дека при нападот носел полициска униформа.

Можете да прочитате

Трамп најави дека наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни