Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

Dui.webp.webp

Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот до дискотеката Пулс во Кочани, велат од партијата.

-Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. Целта е јасна: директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница, соопштуваат од ДУИ.


Можете да прочитате

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата, приведен 52-годишен маж

Пожар во автобус на ЈСП, возачот сам го изгаснал